Системи за Видео Надзор |
Затворениот видео систем или т.н. телевизија од затворен круг (Closed Circuit ТV - CCTV) е безбедносен систем кој овозможува видео набљудување (надзор) на штитениот простор, т.е. објектот, имотот и лицата во него и затоа најчесто се нарекуваат и системи за видео надзор.
Современиот начин на живеење и неговата зголемена динамика одат во прилог на се поголемото омасовување на системите за видео надзор кои денеска се сметаат за интегрален дел на секој објект кој со зголемена фреквенција опслужува поголем број луѓе. Тама-Ком на своите клиенти секогаш е спремна да им понуди решение за видео надзор соодветно на нивните потреби. Поради огромниот број на различни производители на камери за видео надзор и пропратните елементи, ние сме во постојан контакт со голем број светски рениомирани фирми со цел постојана потрага по најсовремени производи кои би биле прифатливи и соодветни на разновидните потреби на нашите ценети клиенти. Преферирани производители на опрема за видео надзор и најчесто имплементирани во решенијата на Тама-Ком се Hunt , Computar , KCA , Evetar , Sentry , Vivotek и др. Од 1998 година Тама-Ком за потребите на нашите клиенти со најсофистицирани потреби во областа на системите за видео надзор го развивме партнерството со SYAC од Италија, фирма специјализирана за произвотство на Дигитални Видео Рекордери (ДВР) и денеска еден од лидерите на овој инаку исклучително компетитивен пазар. Од 2008г. Тама-Ком се фокусира примарно на најновите трендови во индустријата за видео надзор преку промовирање, проектирање и изведба на IP базирани CCTV системи. Како главна предност на новата мрежна технологија во областа на видео надзорот се мегапикслените мрени камери кои по своите перформанси се далеку супериорни во однос на конвенционалните аналогни видео камери, кои овозможуваат од 4 до многукратно подобар квалитет на слика.
Нашата длабока посветеност на промовирањето на светските трендови во индустријата на безбедносните системи ја покажавме и преку организација на презентација за запознавање на нашите клиенти и партнери со технологијата и придобивките од имплементацијата на IPCCTV системите, одржана во почетокот на 2010.
|