За Нас |
Во Минатото
Тама-Ком е основана во 1992, од дипл. ел. инж. Љубомир Салџиевски. Од самиот почеток компанијата е специјализирана за изработка на безбедносни системи на принципот клуч на рака.
Професионализмот, квалитетот на услугите и безбедносните решенија кои Тама-Ком ги овозможи и проектира за различните потреби на своите многубројни корисници, за кратко време ја востановија како доверлив и почитуван партнер меѓу нејзините клиенти. Секогаш подготвена да ја понуди најсовремената безбедносна технологија во склоп на своите идејни решенија, Тама-Ком се смета за пионер во многу области во безбедносниот бизнис во Македонија. Во 2001 година, Тама-Ком со проектот за реализација на Системи за Контрола на Пристап во Европската Агенција за Реконструкција и Развој ги реализираше и своите први безбедносни системи вон границите на Република Македонија.
Денес
Тама-Ком денес е една од најреномираните компании во безбендосниот сектор во Македонија. Придржувајќи се до идејата дека Квалитетно решение = Задоволен клиент, и постојано инвестирајќи во своите потенцијални ресурси, фирмата и понатаму стабилно се развива и го доплонува своето богато потрфолио со нови клиенти и најсовремени технички решенија. Долгогодишните етаблирани партнерства со светски реномираните производители на безбедносна опрема: Notifier од Италија и Nedap од Холандија, во голема мерка се заслужни за просперитетот и забрзаниот пробив на Тама-Ком и надвор од границите на Македонија. Високата техничка подготвеност на кадарот на Тама-Ком, на чиј постојан развој сме целосно посветени ни овозможува во чекор да ги пратиме сите светски трендови во бизнисот со безбедносни системи и успешно да одговориме на најсофистицираните барања на нашите ценети клиенти. |